Балкан
3. August 2019 - 9:13

Ужасно невреме во Србија: Неколку повредени, ветрот корнеше дрвја, има огромни штети

Вчера попладне централните делови на Србија беа зафатени од незапаметено невреме со град, дожд и силен ветар. Има и повредени лица.

Ветрот корнел дрвја и ќерамиди од покривите, а еден човек во Крушевац е повреден кога му паднала ќерамида на глава.

Ветрот бил толку силен што од корен корнел не само млади, туку и постари голeми дрвја. Направена е и штета на возилата, врз кои паѓале дрвја. Штета има и на земјоделските култури, особено во деловите каде паѓал град со големина на топче за голф.

Голема штета претрпеа и учесниците на Четвртиот меѓународен балон-фестивал, кој требаше да започне во Багдала, во Крушевац  во 18 часот, а поради невремето, концерт на групата Хари Мата Хари бил одложен.

Според метеоролошката станица, ветерот дувал со брзина од 32 метри во секунда, или 115 километри на час, а за 40 минути, во областа на Крушевац нацврнале 50 литри дожд на метар квадратен.

https://youtu.be/k05KPd1VWCk