Џет-Сет
3. August 2017 - 14:14

Ужива во секој ден: Сопругата на Аца Лукас со една фотографија ја разреши мистеријата за разводот

Соња Вуксановиќ заедно со ќерките Викторија и Софија ужива на летување во луксузен комплекс во Црна Гора.

Имено, Соња најмногу време поминува со ќерките на базенот пред вилата, а фотоградиите редовно ги споделува со своите следбеници на Инстаграм.

Додека Аца Лукас на социјалните мрежи главно објавува снимки и фотографии од клубовите ширум Црна Гора кои ги полни до максимум. Од друга страна Соња предничи и со модните комбинации. Овој пат, ја заскокотка фантазијата и со пораката која ја испрати:

„Уживам. Секој ден е подарок“, напиша таа и со тоа стави точка на шпекулациите за разводот.