Џет-Сет
2. November 2016 - 17:52

Вал Кимер: Мајкл Даглас не е информиран, немам рак

Откако американскиот актер Мајкл Даглас изјави дека неговиот колега и пријател Вал Калмер се бори со рак, познатиот актер одлучи да ги демантира гласините, па на неговиот Фејсбук профил напиша дека Даглас не е добро информиран.

- Го сакам Мајкл Даглас, но погрешно е информиран. Последен пат со него разговаравме пред две години кога го прашав да ми препорача специјалист кој може да ми постави дијагноза за топчето во грлото поради кое морав да го прекинам патувањето со својата претстава „Граѓанинот Твен“. Завршив на преглед кај експерти од Калифорнија кои заклучија дека немам рак, напиша Килмер, јави Фена.

Агенцијата наведува освен тоа, дека тој во својот долг Фејсбук пост напиша дека снимил три филмови во минатата година, од кои еден и сам режирал.

- Дојди да ме видиш дека сум жив и среќен во Вествуд наредната недела ако мислиш дека лажам, напиша познатиот актер кој наведе дека не му забележува на Даглас.

Мајкл Даглас, после неколку месеци шпекулирање во јавноста за здравствената состојба на Килмер, изјави дека на неговиот пријател му е дијагностициран рак. Даглас наводно и рекол на публиката на настан во Лондон во текот на изминатиот викенд дека Килмер, со кого глумеше во фимот „Дух и темнина“ во 1996 година, минува низ истото она низ што и самиот поминал, мислејќи на ракот на грлото.

Тој додаде дека „работите не изгледаат добро“ за 56 -годишниот актер, најпознат по улогата во „Топ ган“ и улогата на Џим Морисон во филмот „Дорс“