-->
-->
Ван Дајк нема да игра до следната сезона?
-->
Повредата на Вирџил ван Дајк се покажа уште покомплицирана од веќе тешката дијагноза на искинати лигаменти на десното колено.
Првичните предвидувања беа дека Холанѓанецот може да се врати на крајот од оваа сезона, но Дејвид Орнштајн од „Атлетик“ тврди поинаку.
Според новинарот, централниот дефанзивец на Ливерпул нема да се врати во игра пред почетокот на следната сезона.
Холанѓанецот наскоро ќе мора да биде опериран, иако сè уште нема одреден датум за операцијата.
– Мојата информација е дека повредата на десното колено на Ван Дајк е можеби дури и полоша отколку што првично се мислеше и се протега надвор од предниот лигамент. Тоа би значело дека нема да го гледаме Ван Дајк на теренот до следната сезона, прокоментира Орнштајн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење