Loading Video...
Ракомет
18. September 2019 - 14:47

Вардар и Металург во дуел за Супер Купот на Македонија

Вардарци и Металург вечерва во Куманово ќе го играат натпреварот во Супер Купот на Македонија. 
 
Актуелниот шампион Вардар кој разбирливо ја има фаворитската улога ќе атакува на првиот трофеј во новата сезона, а „лутиот“ ривал Металург пак ќе се обиде да го повтори изненадувањето на финалето во националниот куп. 
 
Ова практично ќе биде реприза на финалето на Купот на Македонија од минатата сезона, во која до трофејот стигна тимот од Автокоманда и тоа со победата токму над Вардар по подоброто изведување седмерци (4-3) откако мечот заврши нерешено 29:29.
 
Во досегашните две изданија на Супер Купот, Вардар гпо освојуваше трофејот откако во првото беше подобар во Еурофарм Работник, а лани го победи Металург. 
 
Вечерашниот Супер Куп дуел меѓу Вардар и Металург ќе започне во терминот од 20 часот и 30 минути.