Loading Video...
Фудбал
24. August 2019 - 18:55

Вардар конечно постигна гол и го победи Работнички

Во воведниот натпревар од 3.коло на ПМФЛ одигран попладнево на арената „Тодор Проевски“, екипата на Вардар го победи градскиот ривал Работнички со 2:0. 

Првиот гол за вардарци на натпреварот, воедно и прв во новата сезона го постигна Колевски во 56-минута. 

Пропуштија црвено-црните уште неколку изгледни можности за втор гол, за конечно во 91-минута, Аврамовски да се запише во листата на стрелците и да ги постави конечните 2:0. 

Утре од 17 часот, на програмата се преостанатите четири натпревари од ова коло, а двојките се: Струга – Силекс, Шкупи – Ренова, Академија Пандев – Борец и Шкендија - Македонија Ѓ.П.