Loading Video...
Ракомет
11. November 2018 - 19:45

Вардар порaзен од Барселона

Ракометарите на Вардар се  поразени од фаворитот Барселона за првпат оваа сезона пред својата публика. Каталонците славеа со 30-26 и се искачија на врвото во групата .

                        На црвено-црните не им помогна одличната атмосфера во преполнетата сала Јане Сандански.  Вардар лошо стартуваше и дозволи противникот да поведе со 5-1 но сепак се консолидира и фати резултатски приклучок. Само за кратко,  Барселона пак се одлепи на 3-4 голови и на крајот од првиот дел  заокружи 13-9.

        Во вториот дел Вардар едноставно не доби шанса да се доближи и да направи притисок. Каталонците водеа со 6 голови долго време а највисокото водство изнесуваше 7 погодоци. Сепак на крајот пораз  од 4гола по се што се случуваше.

        Дибиров постигна 6 погодоци а Кристопанс 5 во нашиот тим додека Дика Мем со 8 голови беше најефикасен на мечот.  Следниот викенд Вардар повторно ќе игра со Барселона но во каталоноската престолнина.