Ракомет
2. April 2021 - 12:51

Вардар поразен од Веспрем во 1/4-финалето на ЛШ

Ракометарите на Вардар уште по првата нокаут рунда се пред елиминација во Лигата на шампионите 
 
Поразот со 14 голови разлика 27-41, но и прикажаната игра во текот на целиот меч против Веспрем е причината поради која ракометарите на Вардар се повеќе од сигурно отпишани од евентуален пласман во следната рунда од разигрувањето во Лигата на шампионите 
 
Вардарци загубија од Веспрем со неверојатно 41-27 во првиот меч од осминафиналето, па сега им останува само формално да го одработат реванш дуелиот, на кој очекуваме достоинствено да се простат од европската сцена. 
 
Ваквата констатација впрочем произлегува и од изјавата по мечот на тренерот на црвено-црните Стевче Алушовски кој истакна дека ова е голем неуспех за клубот 
 
„Сакам да му честитам на Веспрем за големата победа во Скопје и без разлика што треба да се игра уште еден меч таму, за пласманот во четвртфинале. Го отворивме мечот многу лошо, во еден момент кога имавме двајца играчи повеќе, примавме голови во серија. Меѓутоа, што е тука е, секогаш треба да се гледа нешто во овој пораз. Треба да се погледнеме во очи по овој тежок пораз, за клубот, за навивачите, за сопственикот. Ќе се потрудиме во четврток да бидеме подобар противник од Веспрем и да бидеме подобро.“, изјави Алушовски.
 
Реваншот меѓу Веспрем и Вардар ќе се игра во четврток, 8 април.