Loading Video...
Ракомет
4. September 2020 - 14:42

Вардар против ППД Загреб брка ново финале во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар ќе се обидат да стигнат до ново финале во регионалната СЕХА лига во која црвено-црните воедно ќе ја бранат титулата освоена минатата сезона. 
 
Вардарци вечерва од 20 часот и 30 минути ќе го играат полуфиналниот дуел против хрватскиот првак Загреб, во рамките на завршниот турнир во СЕХА лигата што се одржува во Задар. 
 
Црвено-црните досега немаат пропуштено ниту една завршница, а воедно со петте освоени титули се и рекордери во ова натпреварување. 
 
Тренерите Стевче Алушовски и Игор Вори очекуваат тежок меч имајќи во предвид дека сепак турнирот годинава се игра пред почетокот на новата сезона, а не како досега на крајот на тековната, па двата тима со бројни промени во играчкиот кадар ќе треба да се издигнат над специфичната ситуација. 
ТОНСКИ
 
Натпреварот Вардар – Загреб ќе биде вториот полуфинален меч од денешната програма, а во првиот кој започна од 18 часот ќе играат Веспрем и Мешков Брест.