-->
-->
Вардар со еден гол го победи Работнички
-->
Фудбалерите на Вардар остварија минимална победа со 1:0 против градскиот ривал Работнички.
На дербито од 25.коло во Првата македонска фудбалска лига одигран вечерва на арената „Филип Втори’’ во Скопје, победникот беше решен во 16-минута кога Дамир Којашевиќ го постигна единствениот гол.
И на останатите натпревари одиграни попладнево победи забележаа домаќините: Шкендија – Силекс 3:1, Ренова – Младост Ц.Д. 3:0, Хоризонт Турново – Шкупи 1:0 и Брегалница – Металург 3:0.
Табела: Вардар 64 бодови, Шкендија 59, Силекс 37, Шкупи 34, Работнички 33, Хоризонт Турново 30, Брегалница 29, Ренова 28, Младост 16 и Металург 13.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО