Фудбал
6. April 2016 - 20:32

Вардар со еден гол го победи Работнички

 
 
 
 Фудбалерите на Вардар остварија минимална победа со 1:0 против градскиот ривал Работнички.
 
На дербито од 25.коло во Првата македонска фудбалска лига одигран вечерва на арената „Филип Втори’’ во Скопје, победникот беше решен во 16-минута кога Дамир Којашевиќ го постигна единствениот гол. 
 
И на останатите натпревари одиграни попладнево победи забележаа домаќините: Шкендија – Силекс 3:1, Ренова – Младост Ц.Д. 3:0, Хоризонт Турново – Шкупи 1:0 и Брегалница – Металург 3:0.
 
Табела: Вардар 64 бодови, Шкендија 59, Силекс 37, Шкупи 34, Работнички 33, Хоризонт Турново 30, Брегалница 29, Ренова 28,  Младост 16 и Металург 13.