Фудбал
2. November 2017 - 12:20

Вардар вечерва против Сосиедад во ЛЕ

 
Екипата на Вардар вчера го одржа и последниот тренинг на стадионот „Аноета“ во Сан Себастијан, пред утрешниот натпревар од четвртото коло во групната фаза од Лигата на Европа. 
 
Избраниците на Чедомир Јаневски имаа можност да го почувствуваат тревникот на теренот на кој што се играат натпревари од шпанскиот шампионат, и да ги направат последните подготовки пред утрешниот натпревар со Реал Сосиедад. 
 
Натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Вардар се игра на овој стадион во четврток со почеток во 21:05 часот.