Loading Video...
Ракомет
23. November 2020 - 18:18

Вардарци во среда на реванш против Кјелце во Полска

Во среда нов натпревар ќе игра актуелниот европски шампион Вардар. 
 
Откако минатата седмица вардарци во Скопје го пречекаат составот на Кјелце од кој загубија со 29-33, сега тие патуваат за Полска. 
 
Успеаја ли да извлечат поука од првиот дуел и да ги согледаат слабостите кои се провлекуваа во поголемиот дел од натпревар во Скопје избраниците на Алушовски, останува да се види по натпреварот што ќе се игра во среда со почеток од 20:45 часот.