Вархеји во Приштина: Косово треба да продолжи со реформите
Комесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Оливер Вархеји, по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека Косово треба да продолжи со реформите, особено во правосудството.
-Имавме многу добра дискусија со претседателката Османи. Косово е одлучно на својот пат да стане членка на Европската унија. Го цениме тоа што Косово ни се придружи против руската агресија во Украина. Меѓу другото, разговаравме и за значењето на реформите. Косово мора да продолжи со реформите, особено во правосудството. Косово мора сериозно да се бори и против корупцијата и организираниот криминал, рече Вархеји.
Еврокомесарот додаде и дека целиот регион ќе има корист од нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија.
Османи рече дека прашањето за правосудството „не е приоритет само на хартија“, туку е приоритет на Владата и граѓаните на Косово и најави поддршка од 6,5 милиони евра од ЕУ за владеење на правото.
Вархеји денеска се сретна со косовскиот премиер Албин Курти и претставници на граѓанското општество, а заедно со министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, ќе ја почне Програмата за внатрешни работи на Европската унија и Косово, со цел понатамошно усогласување на Косово со стандардите на ЕУ во спроведувањето на законот и борбата против организираниот криминал.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња