Loading Video...
Македонија
13. January 2020 - 16:43

Вархељи ќе ги запознае македонските власти со измените нво методологијата за пристапниот процес

Темпирана посета на еврокомесарот за проширување Вархељи на Скопје. Унгарецот доага во земјава непосредно пред објавување на предлогот за новата методологија, Вархељи неделава  ке има можност од прва рака да  се информира за реформскиот процес во  земјава , а се очекува да ги запознае македонските власти за  тоа какви ке бидат промените во пристапниот процес .

Сето ова ке се отслика во извештајот за напредокот на  земјава кој во февруари треба д го  објави Европската комисија. А веке во март се очекува да биде усвоена и новата методолгија.   

Доколку целава  агендата се одвива според планираното,   хрватскиот премиер Пленковик е оптимист  дека на самитот на ЕУ во мај Македонија ке има јасна европска перспектива и конкретна временска  рамка во која се ке се одвива пристапниот процес.

Повици за деблокада на македонските евроинтеграции доагаат и од лидерите на земјите членки на Унијата .

Австрискиот канцелар побара Македонија под итно да започне со преговорите. На средбата со шефицата на Европската Комисија фон дер Лајен во Брисел , Курц најави дека Австрија активно ке работи на укинувањето на француското вето и ке биде врска мегу земјите кандидатки и ЕУ.