Балкан
2. September 2016 - 23:41

Вашингтон не гледа влошување на односите со Анкара

Вашингтон не гледа влошување на односите со Анкара во сферата на безбедноста по обидот за пуч во Турција, изјави американскиот претседател Барак Обама во интервју за Си-Ен-Ен.

Претседателот додаде дека Турција продолжува да биде силен сојузник во НАТО, соработник со САД и во борбата против ИД.

Тој нагласи дека Турција претрпела „политички и цивилен земјотрес“ по што треба да следува период на обнова. Обама наведе дека САД ќе го поддржат турскиот народ во тоа.