Вечерва ќе биде откриен новиот iPhone 15
Пристигна најважниот ден за Apple на годината.
Американскиот гигант вечерва ќе ја претстави новата линија на iPhone телефони, која секако ќе биде побрза, помоќна, со нови бои и подобра камера, но по долги серии години доаѓа најголемата промена за Apple, воведување на USB-C на своите телефони.
Што се однесува до самиот телефон, се очекуваат четири модели, iPhone 15 и 15 Plus и iPhone 15 Pro и 15 Pro Max.
15 и 15 Plus треба да ги носат сите важни карактеристики од моделот 14 Pro, како и нова 48мп камера и најновиот чип на Apple, A16.
15 Pro и Pro Max треба да добијат титаниумско куќиште, кое ќе ги направи полесни, но и нов A17 процесор.
Покрај телефоните, се очекуваат и часовници од Серија 9, а исто така можно е да видиме нови детали за скапиот VR систем на Apple.
Настанот ќе започне во 19 часот.
Ново на Сител
-
Земјотрес од 7,6 степени ги стресе Филипините | ВИДЕО
-
ЕП 2024: Србија во група со Англија, Хрватска против Шпанија и Италија
-
Малолетници силувале свој врсник во Скопје, таткото на момчето пријавил во полиција
-
Пронајдени тинејџерките кои со денови беа исчезнати во Грција
-
Град Скопје: Неразбирлива е потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на Скопје
-
Пронајдена почината 73-годишна жена од Скопје
-
Струмица: Превезувал мигранти и направил собраќајка - Повредени три лица, возачот избегал
-
Тешко повреден велосипедист на Водно, на помош дојдоа граѓани за да го пренесат до амбулантното возило