Македонија
12. September 2018 - 17:16

Велосипедската полициска единица во Охрид дава резултати по ланското реактивирање

Полицијата на велосипеди го контролира Охрид.Летово патролата интервенирала во откривање на сторители на кражби ,прекршоци и нарушување на јавниот ред и мир  во централното градско подрачје каде има зголемена фрекфенција на сообраќајниците и плажите кога бројот на гостите е двојно поголем. Амбасадор на САД во Македонија Бејли кој денеска возеше велосипед заедно со патролата низ градот истакна дека тие ќе  овозможат поблизок контакт и заштита на граѓаните .

Патролата брои 6 полицајци велосипедисти и со нејзината мобилност  придонесува  кон навремено интервенирање онаму каде што тоа е потребно, а со тоа и подигање на општата безбедност во градот.

Патролата која претствува посебна туристичка атракција во градот е основана пред 10тина години a поради  одередени проблеми во делот на опремата не функционираше но минатата година повторно е активирана.