Живот
13. August 2015 - 8:59

Велшанка обвинета за секс на јавно место: Само му помагав на партнерот

Маж и жена од Велс, кои биле фатени на дело при орален секс во лондонскиот Хајд Парк, се осудени за „прекршување на јавното однесување“.

Лисиан Бек (47) и нејзниот партнер Сајмон Марфи (48) се прогласени за винивни, по дводневното судење во лондонскиот суд „Олд Бејли“, затоа што „недозволиво непристојно се однесувале на јавно место“.

Инцидентот се случил во септември минатаа година за време на еден концерт одржан во овој парк, сместен во центарот на британскиот главен град.

Во текот на процесот, судот констатира дека однесувањето на двајцата Велшани, предизвикало „згрозување и неспокојство“ кај другите во публиката, во која имало возрасни луѓе, но и малолетни деца.

Налутените посетители ги повикале редарите на концертот за да интервенираат, а тие побарале интервенција на полицијата која ги отстранила Велшаните од концертот и го пријавила случајот.

Еден од посетителите на концертот, кој бил во близаната на „непристојната двојка“ го снимил на својот мобилен телефон нивното однесување. Снимката беше прикажана на судењето како доказ, додека тој се појави како сведок на обвинителството.

Лисиан Бек, која работи како келнерка во болница во градот Свонси во Велс, не го прифати обвинувањето, оправдувајќи се дека била „малку поднапиена“. Таа се бранеше дека, всушност, само му помагала на својот партнер кој „имал потреба да оди во тоалет“.

Партнерот Сајмон Марфи кој работи како градинар, тврдеше дека не бил свесен за она што се случувало. Тој исто така не го прифати обвинувањето.