Џет-Сет
1. July 2017 - 17:54

Венчавка достојна за принцеза: Неџла и Бали бег се венчаа како од бајките

Едни од најубавите турски актери, Бурак Озџевит и Фахрие Евџан или попознати како Бали Бег и Неџла, стапнаа на лудиот камен и ја официјализираа својата врска со брак.

На свеченоста каде Бурак и Фахрие се заколнаа на вечна љубов пред присустните гости, а пак турските медиуми во секој миг ги следа сите случувања на забавата и ги информираа бројните обожаватели на двојката.

Свадбата се случи во ресторан на Босфорот, а невестата се појави во венчаница во сирена крој, изработена од турски дизајнер, додека зетот шармираше во црн костум.

Веселбата траеше до раните утрински часови, по што младенците се упатија на меден месец на Малдиви.