Loading Video...
Ф1
1. July 2018 - 17:08

Верстапен победник на австриското Гранд-при

Возачот на Ред Бул Макс Верстапен е победник на деветтата трка во Формула 1 шампионатот. 
 
20-годишниот Холанѓанец, до својата четврта победа во кариерата стигна на денешната трка за Големата награда на Австрија. 
 
Верстапен ги искористи киксовите пред се на возачите на мерцедес, Хамилтон и Ботас кои иако ги имаа првите две стартни позиции, сепак на крајот воопшто и не ја завршија трката. 
 
Покрај него на пиедесталот се искачија и двајцата возачи на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел. 
 
Сега во Генералниот поредок лидерското место го превзема Фетел со 146 бодови,пред Хамилтон кој остана 145 бодови, а по нив следуваат Раиконен со 101,  Рикардо 96, па денешниот победник Верстапен со 93, пред Ботас кој остана на 92 бодови. 
 
Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на за седум дена (8 јули) на патеката Силверстон за Големата награда на Велика Британија.