Ф1
17. July 2021 - 18:10
Верстапен победнит на првата стрпринт трка во Формула 1 шампионатот
Макс Верстапен е победник на историската прва спринт трка во Формула 1 шампионатот
На легендарната патека „Силверстоун“, попладнево се возеше првата од предвидените три спринт трки сезонава, а денешната е дел од британско Гранд-при.
Возачот на Ред Бул најбрзо ги извозе предвидените 17 кругови односно 100 километри и го освои првото место пред возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас кои завршија на второто и третото.
За освоениот пласман тие добија, три, два односно еден бод, кои влегуваат во бодувањето за Генералниот поредок во Ф1 шампионатот.
Воедно пласманот на спринт трката го одреди и изгледот на гридот за утрешото Британско гранд при, па така од пол-позицијата ќе стартува Верстапен пред Хамилтон додека од вториот ред зад Ботас ќе биде Леклерк на Ферари.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->