Македонија
13. October 2016 - 17:19

Вертикална градина за почист воздух во Тетово

Вертикална градина налик на билбоард  за прочистување на воздухот ќе биде во центрарот на Тетово 
 
Градско дрво или вертикална градина налик на билбоард што ќе го прочистува воздухот ќе добие Тетово, најавија денес од општината.  Се смета дека овој германски изум ќе ги уништува штетните материи. 
 
Невладна организација со германската амбасада и приватни компании ги обезбедиле средствата. 
 
Градоначалничката на новинарско прашање како општината ќе работи на намалуавње на загадувањето повтори неколку решенија за кои смета дека е потребно подолго време да се реализираат.