Џет-Сет
7. October 2015 - 10:23

Весна Бејби со емотивен статус за Тоше

Откако вчера беше објавена новата песна на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, кој трагично го загуби животот, неговата долгогодишна пријателка и голем фан, Весна Петрушевска, објави емотивен статус на социјалната мрежа Фејсбук кој ги скрши срцата на многумина.
Таа со голема тага ја објави новата песна која досега не беше слушната и потсети на големината на Тоше кој секако никогаш нема да биде заборавен!