Весна Бејби: Убаво се изнаплакав на паркингот пред „Филип Втори“
Таа е единствената што успеа да го врати на театарската сцена, макар за една претстава. Некогаш подналутени, но секогаш пријатели, Весна Петрушевска и Игор Џамбазов подготвуваат дуодрама, која ќе ја раскаже нивната заедничка приказна. За да исполни кругот совршена, цврста линија, режијата е во рацете на Тони Михајловски, пишува Република.
Во интервју за новиот број на неделникот „Република“, Петрушевска вели дека идејата за нивниот иден проект е заемната љубов, простувањето и почитта.
– Тоа што му се случи здравствено многу ме погоди затоа што на гнаси кои заслужуваат ништо не им е, но на убави луѓе е како несреќна лотарија. Тогаш ти е јасно дека само неколкумина сме си важни во нашите животи. Не сме само за еден ден, за цел живот сме… Првиот ден кога отидов да го видам, убаво се изнаплакав на паркингот пред „Филип Втори“, кај Жан Митрев. Се сеќавам, му се јавив на Трендафил, Аце, да прашам, па отидов и дремев на паркингот. Во тие моменти се храбрите себеси дека сè ќе биде во ред, а всушност се плашиш од загуба. Се качив горе и го видов, се воздржував, се смеев, а Игор ме тешеше, каква иронија, нели? Следниот пат на барање на Игор дојде и Мина и сè беше полесно, таа му даваше совети за здрав живот – открива Петрушевска.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата