Интернет
19. September 2016 - 14:10

Ви го хакнаа профилот на Фејсбук – Еве како брзо да си го повратите

Ви го хакнаа профилот на Фејсбук – еве како брзо да си го повратите.

Се што треба да направите е да испратите маил до Фејсбук во кој ќе објасните дека вашиот профил е хакнат и ќе им испратите лична карта – доколку профилот е на ваше име се разбира. 

Не мора да им ги испраќате сите податоци па добро би било да ги прекриете адресата , датумот на раѓање матичниот број. Се што му е на фејс потребно е на личната карта да го има името на профилот и секако вашата фотографија.

Според читатели на МКnews кој веќе имале ваков проблем по испраќањето на овој маил профилот им е вратен во рок од 24 часа.