Балкан
29. July 2016 - 9:30

Вице-гувернерот на романската Централна банка уапсен за корупција

Националната дирекција за борба против корупција на Романија го уапси денеска вице-гувернерот на Централната банка Богдан Олтеану во рамки на истрага за корупција.

Дирекцијата бара на Олтеану да му биде одреден 30-дневен притвор. 

Претставник на Дирекцијата изјави дека во моментов тој се наоѓа во пртивор, јави БТА.

- Во тек е истрага, обвинителите сакаат тој да остане во притвор 30 дена, посочи претставникот.