Фудбал
8. February 2017 - 15:29

(ВИДЕО) Барселона прв финалист во „Копа дел Реј“

 
Екипата на Барселона ќе игра во финалето на Кралскиот куп, бидејќи по двата дуела во полуфиналната пресметка беше поуспешна од Атлетико Мадрид. Каталонците синоќа на домашен терен одиграа нерешено 1:1 и со вкупни 2:1 одат во финалето.
 
Со голот на Луис Суарез во 43.минута каталонскиот тим поведе со 1:0, а конечниот резултат го постави Кевин Гамеиро во 83.минута. Истиот играч три минути претходно не реализира пенал за Атлетико.
 
Барселона средбата ја заврши со двајца фудбалери помалку по исклучувањата на Серхи Роберто (57.минута) и Суарез (90), додека кај гостите Јаник Караско предвреме го заврши натпреварот поради вториот жолт картон добиен во 69.минута.
 
Противник на Барселона во финалето ќе биде подобриот од другата полуфинална пресметка во која се среќаваат Селта Виго и Алавес. Првиот нивни дуел заврши 0:0, а реваншот е закажан за вечер со почеток во 21 часот. Домаќин ќе биде Алавес.