Свет
21. November 2016 - 12:49

Видео од силниот земјотрес во Аргентина

Иако ова се смета за силен земјотрес, најверојатно нема да нанесе поголема штета, бидејќи епицентарот бил на длабочина од речиси 72 километри.
 
Силен земјотрес, со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, во неделата го потресол западниот дел на Аргентина, соопштил американскиот геолошки центар.
 
Епицентарот на земјотресот бил забележан на 26 километри југозападно од аргентинскиот град Сан Хуан и на околу 290 километри северозападно од Сантијаго, главниот град на Чиле.
 
Јачината на земјотресот најпрво била регистрирана на 6,7 степени, пренесува Ројтерс.
 
Иако ова се смета за силен земјотрес, најверојатно нема да нанесе поголема штета, бидејќи епицентарот бил на длабочина од речиси 72 километри.