Бизнис
24. November 2020 - 19:43

Викенд огласи за вработувања во училишта и библиотеки

Грешка на Агенцијата за вработување го скрати рокот на огласите за работа објавени од општините Гевгелија и Богданци. Се работи за десетици огласи за вработување во училиштата во овие две општини. Беа објавени во петокот, истекоа во неделата. Градоначалникот на општина Богданци вели дека грешката во Агенцијата за вработување е исправена, и огласите биле продолжени до денеска. Според него, не се работи за предизборни вработувања, туку редовна постапка за продолжување на договорите на наставниците кои веќе се ангажирани во училиштата.

Од Агенцијата за вработување велат дека дека тие се само сервис. „Електронскиот систем на АВРСМ е адаптиран согласно законските прописи, а во делот на објавување на огласи и времетраење на истиот-системот е адаптиран согласно рамката уредена со законот. Во случајот огласот од училиштето „Петар Мусев“ пристигнал на 20.11.2020 петок и согласно Законот за работни односи системот како валиден го објавил до истек на три дена. Службите на АВРСМ Богданци информираа дека по барање на раководството на основното училиште „Петар Мусев” огласот да трае пет дена истиот бил продолжен до денеска.

По реакциите на социјалните мрежи за посочените огласи дека се спротивни на законот, министерката за труд денеска вели дека случајот ќе биде проверен.

Во огласите од двете општини се бараат повеќе наставници по различни предмети, а најзебележливо е дека во библиотека во ОУ „Петар Мусев“ - Богданци има дури тројца библиотекари.