Македонија
11. September 2015 - 11:51

Викендов и во понеделник без струја корисниците од Центар, Гази Баба, Илинден и Ѓорче Петров

Без струја во сабота, недела и понеделник ќе бидат дел од корисниците во општините Центар, Гази Баба, Илинден и Ѓорче Петров, информираат од РЦУК Скопје.

Во сабота  без електрична енергија од 08:00 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од ул. Кеј 13-ти Ноември во општина Центар.

Во недела од 08:30 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од населба Илинден - фирмите: Гама Инвест, Делта Комерц, Дени Шпед, Дета Деан и Рио Кафе во општина Илинден, како и дел од корисниците од населба Хиподром и Маџари, во општина Гази Баба.

Во понеделник од 08:30 до 09:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Мајаковски броевите 1 и 3 во општина Центар, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од село Волково, улиците 101, 24, 56, 58  во општина Ѓорче Петров.