Викендов нестабилно време со дожд, грмежи и ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер со брзина над 70 километри на час и појава на град, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите повремено ќе бидат и во форма на краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна маса и утре времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер над 70 километри на час и појава на град. Дневната температура ќе се намали за неколку степени.
И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено и во форма на краткотрајно невреме.
Ново на Сител
-
Пет лица приведени откако кај нив е најдена дрога
-
293 нови случаи на Ковид-19 во земјава
-
ЈО ги испитува причините за несреќата во Кавадарци во која загинаа двајца градежници
-
Кузеска: СДСМ најостро го осудува насилството и обидот преку деструкции и насилие да се создаде тензија
-
Протест во 19 часот пред Влада, па марширање до МНР и Собрание
-
Ковачевски-Мишел: Силна поддршка за исполнување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ
-
Левица: Протестите за одбрана на македонскиот идентитет продолжуваат секој ден во седум
-
Пендаровски – Мишел: Прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи отворање на првата фаза од пристапните преговори