Македонија
24. July 2019 - 16:17

Вилма Рускоска може, но и не мора да биде прв човек на новото обвинителство за борба против организиран криминал и висока корупција

Обвинителката Вилма Рускоска не е мој предлог за прв човек на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција, и мене еден период не ми се допаѓаше, туку таа продолжува со својот мандатат.

Премиерот Зоран Заев се дообјасни за првата негова изјава дека Рускоска ќе раководи со новото обвинителство во кое се спојуваат специјалното јавно обвинителство  и она за организиран криминал и корупција. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се изјасни против решениетпо  и обвини дека тоа е продлжение на спрегата меѓу власта и обвинителството.

Премиерот демантираше дека со законот се предвдува специјализиран суд иако во членот 30 став 4 од закнт кој токму тој го подели минатата недела стои дека новото обвинителство „постапува пред специјализираното судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција, во Основниот кривичен суд  Скопје и во втор степен по предметите од негова надлежност“.

Владиниот Законот за јавно обвинителство помина на Владина седница и испратен во Собрнаието, па се чека да биде дистрибуриан до пратениците. Собрнаискиот спикер Талат Џафери најави дека ако законот стигне деновиве тој ќе закаже седница за прво читање уште в понеделник.

Сепак, неговата судбина станува незивесна имајќи пред вид дека за него ќе се потребни 80 гласа „ЗА“.