Визуелниот уметник Филип Јовановски учествува на групна изложба во Белград

Визуелниот уметник Филип Јовановски учествува во групната изложба „Сведоштва - вистина или политика: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни”, која вечер ќе биде отворена во Белград.
Јовановски ќе се претстави со делото „Предлог за споменик на комунистичката курва”, аудио опера во пет дела кое како истражувачки процес го работеше во соработка со кураторката Ивана Васева и дизајнерот на звук Сашко Потер Мицевски.
Ова е најново дело на Јовановски во кое тој продолжува да го истражува својот долгогодишен интерес фокусиран на конфликтот помеѓу доминантниот дискурс - националистичкиот и конзервативен кој, како што истакнува, го потиснуваше јавното мислење во изминатите 11 години во македонскиот културен и политички живот, и другиот, оној потиснатиот - модернистичкиот и прогресивен.
Групната изложба ќе биде отворена во 18 часот во Музејот на современа уметност Галерија – легат Милица Зориќ и Родољуб Чолаковиќ во Белград. Курирана е од уметницата и активистка Ноа Трајстер (Центар за културна деконтаминација од Белград) и кустосот од Музејот на современа уметност од Белград, Зоран Ериќ.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија
-

Укината забраната за тешки товарни возила на превојот Стража
-

Модуларните болници не биле капацитети во кои можела да се пружа интензивна медицинска нега, тврдеше Чибишев уште во 2021 година
-

Тошковски: Десет лица осомничени во истрагата за запленетите 40 тони канабис, двајца се во 48-часовен притвор
-

ЗОИ 2026: Норвешка лидер по бројот на освоени медали, седум финални дисциплини
-

Поранешниот принц Ендру ослободен од притвор
-

Забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража
-

Научно-стручна расправа за Предлог-законот за помилување
