Свет
6. March 2018 - 15:32

Вкупно 32 загинати при уривање на руски авион во Сирија

Сите 32 патници и членови на екипажот загинаа денеска при уривање на руски транспортен авион во Сирија, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Во соопштението се нагласува дека авионот од типот Ан-26 со 26 патници и шест членови на екипажот се урнал при слетување во руската воена база Хмејмим во Сирија.  

- Според првичните информации причина за падот на авионот најверојатно се технички проблеми, се наведува во соопштението, при што се додава дека врз леталото не бил отворен оган.