Македонија
29. October 2020 - 13:30

Влада: Ажурирани протоколите за заштита од Ковид-19

Протоколите што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од Ковид-19, согласно одлуките на Владата на Република Македонија, се дополнети и ажурирани со последните усвоени измени и дополнувања со кои се регулираат повеќе области.

Како што соопшти владината прес-служба, ажурираните протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување и спречување на ширење на коронавирусот можат да се најдат на страната на Владата на Република Македонија https://vlada.mk/protokoli-koronavirus#collapse75