-->
-->
Владата го усвои Дополнетиот предлог-буџет за 2022 година
-->
Во рамки на 58-мата редовна седница, Владата го усвои Дополнетиот предлог-буџет на Република Северна Македонија за 2022 година, по што ќе биде испратен во Собранието. Прес-службата информира дека Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година претставува нов интегрален текст во кој Владата ги вгради прифатените амандмани и потребните измени и дополнувања.
Според предлогот на ресорното Министерство за финансии, усвоени се измени кои се во насока на зголемување на средствата кај одредени буџетски корисници, со истовремено намалување на средствата од буџетскиот корисник – Министерство за финансии-функции на државата.
– Истовремено, се врши реалокација на средства во рамките на одредени буџетски корисници, кои немаат дополнителен фискален ефект кај самите буџетски корисници на сметката на Основен буџет и се врши реалокација на средства во рамки на одредени буџетски корисници, кои немаат дополнителен фискален ефект кај самите буџетски корисници на сопствените сметки, информира владината прес-служба.
Дваесет и пет милиони денари дополнителни средства во здравството, животната средина, инфраструктурата се обезбедуваат со дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2022 година.
Прес-службата известува и дека владините претставници на седницата го разгледаа и пуштија во понатамошна процедура до Собранието и Предлогот на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем во износ до 100 милиони евра за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост – Скопје, по скратена постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација