Владата ја одбележува 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак
Владата денеска го отпочна одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак во вооружениот конфликт во 2001 година.
Како што информираат од владината прес-служба, надворешниот соработник за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски со положување свежо цвеќе на споменикот во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, им оддаде почит на загинатите бранители Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и прилепско.
Во име на Владата, по повод две децении од загинувањето на десетмината армиски резервисти советникот Василевски вечерва положи цвеќе и на спомен обележјето во село Лениште по што владиниот претставник го посети манастирот „Св. Петка“, каде се одржа вечерна богослужба.
Чествувањето на загинатите бранители ќе продолжи утре со положување цвеќе на споменикот во месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово и оддавање почит на загинатите бранители пред комплексот Карпалак во центарот на Прилеп.
Ново на Сител
-
Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо
-
Собраниската Комисија за здравство ќе одлучува дали да одржи надзорна расправа за аерозагадувањето
-
Зеленски инсистира на безбедносни гаранции од Западот со цел да ја одврати Русија
-
Додик: Подготвени сме на разговор со сите, но не и да не игнорираат
-
Северна Кореја распореди дополнителни трупи во Русија
-
Претежно облачно со магливо утро по котлините
-
Делови од Долно Лисиче и Бардовци денеска без струја
-
Мицкоски: Апсолутно не размислувам за промена на македонската химна