Македонија
10. August 2020 - 12:03

Владата ќе бара кривична одговорност за несовесните газди

Владата денеска до Обвинителството ќе поднесе претставка кривично да одговараат газдите кои зеле државна помош, а не им исплатиле плати на вработените. Покрај парична казна од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за законскиот застапник, односно директорот, им се заканува и затворска казна од  1 до 10 години. Дел од работодавачите исплашени од кривичните пријави, веќе си ја исполнија обврската кон работниците. Од 708 фирми, според последната листа на Владата, нивниот број сега се сведе на 366.

Компанијата која зела најголема помош од скоро 23 илјади евра за 2 месеци, Викторија Инвест Елбасан, се уште не им дала ни денар на работниците.

Се очекува да бидат објевени  и листите на газдите кои не ја исплатиле платата во целост. Станува збор за 3,700  компании кои на над  53 илјади  вработени им дале помалку од минималецот кој го добиле од државата.

 

Наташа Мерсовска