Македонија
1. December 2020 - 13:48

Владата ќе побара од Собранието продолжување на кризната состојба шест месеци

Владата на денешната седница го прифати предлогот на управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ќе испрати предлог до Собранието кризната состојба да биде продолжена за шест месеци. 

Доколку Собранието го усвои предлогот новата кризна состојба ќе почне по завршување на 30-те дена односно од 20-ти декември и треба да трае до јуни.

 

Александар Динев