Бизнис
3. December 2019 - 16:43

Владата нема пари за субвенционирање на нови автомобили

Нема пари во буџетот за субвенции до 3.000 евра за купување нови возила. Министерката за финансии вели дека мерката нема да ги даде посакуваните ефекти. Затоа парите предвидени за тоа, ќе се пренасочат кон други проекти. Министерот за економија не чувствува вина дека ги излажал граѓаните. Финансиската поддршка која требаше да влијае на намалување на аерозагадувањето,  имала лимитирачки фактор. Ќе имало пари само за првите 1,000 граѓани. Затоа ќе барале ново, поефикасно  решение.

Имено, таквите мерки се по моделот прв дојден прв услужен, а имајќи го предвид податокот колку средства имаме за таа намена, ќе имавме само за субвенции за 500 или 1.000 граѓани. А што ќе направевме ако бараа три, четири, или пет илјади граѓани, а ние да немавме средства да ги субвенционираме. Работните групи што ги формиравме овој месец, ќе договорат ново решение за кое ќе бидете информирани, и тоа ќе биде без финансиски импликации за буџетот. Значи, ние не се откажуваме од намерите да го обновиме возниот парк, но ќе има други мерки, без лимитирачки фактор“, рече Бектеши.  

Според најавите, мерката за замена на старите со нови, или половни автомобили со еколошки стандарди, каде државата  требаше да даде неповратни 3,000 евра за тоа, беше најавено дека ќе стратува од наредната година. Во моментов, регистрирани се над  460 илјади возила во државата , од кој повеќе од половината, или речиси 270 илјади се постари од 18 години.