Владата објави: За прославата за НАТО потрошени 180.000 евра
- Вкупно 11.900 евра по град или 179.500 евра на ниво на цела држава се потрошени за завчерашната прослава „Одиме напред - Македонија во НАТО и ЕУ“, соопшти Владата.
Според Владата, трошоците за организацијата на настаните се скромни, по нормални пазарни цени.
- За промоцијата на настаните не се потрошени средства за реклами во медиумите, ниту пак се потрошени било какви средства за организиран превоз на публика од едни во други градови, велат од Владата.
За прославата се ангажирани исклучиво домашни изведувачи со кои биле склучени авторски договори за уметнички трудови, односно за музичко-сценски изведби, а изборот на градови бил определен согласно рамномерна географска застапеност.
„Одиме напред - Македонија во НАТО и ЕУ“ се реализира во 15 градови врз основа на Одлука и заклучоци од редовна Седница на Владата одржана на 10 јули годинава.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители