Македонија
11. August 2018 - 16:47

Владата потврди дека ќе води информативна кампања за референдумот

Владата ќе води кампања за референдумот на 30 септември што ќе биде платена со буџетски пари, потврдуваат од Илинеднска број 2. Таа ќе се интензивира после завршувањето на годишните одмори. Нема конректен одговор за тоа колку пари ќе бидат потрошени за јавната пропаганда и од каде точно ќе се земат овие средства.

На прашањето од каков тип ќе биде ваквата кампања, дали информативна или пак, ќе биде содржан и ставот на Владата, од прес службата велат дека ќе се работи за информативна кампања. Сепак, подеталните одговори откриваат дека владиното рекламирање нема да се однесува на начинот на гласање или информации за спроведувањето на референдумот, туку на содржината на самото референдумско прашање - Договорот и ЕУ и НАТО интеграциите.

„Владата на РМ во согласност со Законот за референдум ги дефинира начините преку кои ќе се реализира кампања од јавен интерес за информирање за прашањето кое го третира референдумот. Во однос на информирањето на граѓаните поврзано со референдумот Владата ќе води информативна кампања со буџетски средства согласно со принципите на јавен интерес“, одговараат д владината прес служба.

Под името хаштаг „Факти за договорот“ премиерот Заев, вицепремиерката Радмила Шекеринска на своите страници на Фејсбук, како и на фејсбук страницата влада.мк веќе се води владина кампања која се однесува на Договорот со Грција.

ДИК вчера излезе со став Владата ќе може  по пазарни цени со народни пари  да ги рекламира своите ставови за грѓанското изјаснување во текот на јавната пропаганда.

За време на избори, надлежна за решавање на евентуланиот судир на интереси беше Антикорупциската комисија, но ова тело веќе со месеци е празно и се чека на избор на нов состав.

Во меѓувреме, заклучно со денеска на пладне 251 исленик се пријавиле за гласање во дипломатско-конзуларните преставништва на државата во странство. 127 од нив, веќе добиле потврда од ДИК дека можат да гласаат на 30 септември. Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн, Виена, Љубљана, Торонто и Камбера.

Катерина Нешкова, за Сител телевизија