Македонија
1. November 2018 - 16:05

Владата утре ќе ги достави уставните амандмани

Владините нацрт-амандманите на Уставот согласно договорот од Преспа коригирани со барањата на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и иницијативата за помирување утре во пакет ќе стигнат до пратениците. Министерката Рената Дескоска потврдува дека во Владата се прават последните консултации околу текстот на амандманите пред истекот на рокот тие да бидат поднесени во Собранието.

-Дека индетитетот ќе биде зацврстен во членот во кој е споменат македонскиот јазик со тоа што ќе се наведи заштита и унапредување на културата и историското наследство ...а во преамбулата преку разговори со Република Грција се работи на конкретизирање на актите од АСНОМ, поточно делот од Манифестот каде се повикува на национална борба во соседни држави, во во тој аспект воедувањето на Прогласот до македонскиот народ за одлуките на АСНОМ, изјави Дескоска.

И таа, како и премиерот Заев, смета дека не е време да се прават измени на Уставот во други делови кои се надвор од договорот од Преспа.

На собраниските служби, од 8-темина независни пратеници, пак, веќе им е највено да го очекуваат нивниот предлог за помирување, но детали околку формата и составот на новотот собраниско тело, како и на што точно ќе се однесува не се отркиваат.

Никола Мицевски, новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пак, смета  нивниот  Законот за амнестија за сите инволвирание од 27 април ќе биде прифатен од мнозинството во парламентот.

- Ќе имаме повторно координација во партијата, она што беше понудено како помирување не е прифатливо бидејќи е селективно ....ќе видиме што ќе понудат, изјави Мицевски.

Од друга страна, координација за законот за амнестија од поранешните сопартијци најавува и координаторката на новата пратеничка група Канческа Милевска.

Oд името на владата пак, Дескоска повторно ја одби аменстијата за  27 април.

-Aмнестија за насилствата во Собранието од 27 април минатата година не смее да има, оттаму што, според неа, станува збор за настан што оставил не само лична траума на луѓе, туку и траума врз целото општество....Ние во рамки на реформската агенда мора да покажеме подготвеност како држава да процесуираме и да дојдеме до степен на одговорност за случаите што ги води СЈО, како и за случувањата од 27 април, смета Дескоска.

За министерката за правда прифатлив концепт е само помирувањето и тоа преку политички разговори во парламентот.