Владимир Ѓорчев: Во програмата на ВМРО ДПМНЕ за Гостивар има конкретни 37 проекти
Носителот на листата за кандидати за пратеници на колацијата „За подбра Македонија“ во 6ИЕ, Владимир Ѓорчев на прес конференција во штабот на ОК на ВМРО ДПМНЕ во населбата Малеарди претстави дел проектите кои се предвидени во програмата „Реално“ за Гостивар. Притоа Ѓорчев направи споредба со најавените проекти на СДСМ.
- Разликата помеѓу програмите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за Гостивар е повеќе од очигледна. СДСМ има одвај седум, кои не се конкретни, ниту имаат рокови и планови. ВМРО ДПМНЕ има 37 проекти за улиците и патиштата во Гостивар. СДСМ нема предвидено ниту еден збор, ниту една запирка, рече Ѓорчев.
Тој ги наброја поважните проекти, како што се: улица во населба Млаки, улица во населбата Питарница, улица до манастирот во населбата Циглана со должина 400 метри, улица „Живко Брајковски“ од судот до градскиот стадион со должина од еден километар, улицата „Бањешница“, локален пат пат која води до туланата со должина од 500 метри, санација на свлечиштето на регионалниот пат Гостивар-Кичево кај селото Церово.
- СДСМ не предвидува ништо за училиштатата, а ВМРО ДПМНЕ предвидува санации реконструкции на училишта, како што е поправка на покривот на ОУ „Гоце Делчев“. СДСМ не предвидува ниту една детска градинка, а ВМРО ДПМНЕ предивува 140 низ цела Македонија, па и тука во Гостивар, подвлече Ѓорчев.
На прес-конференцијата во партискиот штаб, зборуваше и Дафина Јовановска-Стојановска кандидат за пратеник, која зборуваше за проектите предвидени во областа на здравството на територијата на општина Гостивар со вредност од над 750 илјади евра.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово