Loading Video...
Свет
17. March 2020 - 16:48

Владите ширум светот на разни нивоа им порачуваат на жителите да останат дома

Бројот на починати од вирусот корона на светско ниво се искачи на речиси 7.500 лица, а бројката на заразени се доближува до 200.000 лица. Позитивна вест е што излекувани се повеќе од 80.000 лица.

Во Италија, како најпогодена земја во Европа, а втора во светот по Кина, до сега регистрираа над 2.100 починати, а околу 28.000 лица се заразени со КОВИД-19.
Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, ќе донира 10 милиони евра за болниците во најтешко погодената област, Ломбардија.

Шпанија е втората најпогодена европска држава. Таму починале речиси 500 лица, а инфицирани се над 11.000.

И Европската Унија ги затвара своите надворешни граници за период од 30 дена, во обид да се намали ширењето на вирусот, за што очекувањата се дека кризата ќе трае најмалку до мај, но доколку се почитуваат правилата за превенција.

Франција го одложи вториот круг од локалните избори, иако претходно се одржа првиот. Причина е што таму бројот на заразени се зголеми на 6.600, а починале 148 лица.
Во Австрија, пак, на секои три дена се удвојува бројот на заразени.

Во САД инфицирани се речиси 5.000 лица, а починале 80. Претседателот Доналд Трамп не ја исклучува можноста за рецесија во САД поради оваа криза. Американските комапнии бараат помош од државата во висина од 50 милијарди долари.

Инаку, во германскиот град Келн, крадци украле 50.000 маски од магацин за медицина и заштитна опрема. Кражбата ја забележал и пријавил еден од вработените.

И во Белград полицијата уапсила едно лице поради нелегална продажба на заштитни маски на улица. Кај него пронајдени биле 6.000 парчина. Инаку, Србија ги заострува мерките за заштита, бидејќи има 65 заразени во таа земја. Освен забрана за лекови, забранија извоз и на масло и ксончоглед. Таму е прогласена вонредна состојба, исто како и во Босна и Херцеговина. И Косово е пред прогласување вонредна состојба.

Албанија, пак бара помош од Кина за мсправување со кризата. Таму до сега има 50-тина заразени, а го регистрираа и прквиот смртен случај.

Позитивни вести има од Кина, каде ги одобрија клиничките тестови на првата вакцина развиена за борба со новиот корона вирус, а бараат доброволци за клиничко испитување на вакцината.