Loading Video...
Спорт плус
12. January 2021 - 13:58

Владо Милев: Победата над БиХ загревање за дуелот против Турција

Иако потешко од очекуваното македонските одбојкари ја остварија првата цел, забележаа победа на БиХ со 3:1 во сетови. 
 
Победата над Босна и Херцеговина во првиот квалификациски меч за пласман на ЕП е загревање на утрешниот дуел против Турција, во кој македонските одбојкари ќе се обидат да направат изненадување, а со тоа и исчекор кон нов пласман на европскиот шампионат. 
 
„Дојдовме до посакуваните бодови и победа. Против ваквите репрезентации е најтешко да се игра. Против Турција ќе бидеме повеќе мотивирани, нашиот тим има направено анализа и имаме подготвено тактика како да пристапиме на овој натпревар. Во нашиот тим мора да го подобриме сервисот и приемот на противничкиот сервис, само така може да се надеваме на победа“, изјави по мечот Владо Милев.
 
Македонија утре од 8 часот го игра мечот против фаворитот во нашата група Турција, селекција која попладнево се среќава со БиХ.