Македонија
22. May 2020 - 16:46

Власта и опозицијата се уште далеку од договор за изборен датум

По завршување на вонредната состојба потребни се избори на 21 јуни .... Избори е можно да се одржат 60 дена од завршувањето на вонредната состојба на 30 јули, а најдобро крајот на август...Ставовите на власта и опозицијата за нов датум за изборно соочување не се доближуваат иако вонредната состојба завршува за само една недела на 30 мај, па извесно е дека ќе треба да има уште една лидерска средба.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се уште смета дека неговите понудени датуми  се најбезбедни за здравјето на луѓето. Сепак, подготвен е за компромис,но не и за ултиматуми. Мицкоски вели дека нема ни неформални средби меѓу партиите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди и дека нема  вклученост на меѓунардони претставници во одредувањето на датумот за избори.

Од ДУИ пак, се уште стојат на исполнувањето на нивните услови.

Лидерите на политичките партии во понеделникот по втор пат се обидоа да дојдат до заедничко решение кога и како да се одржат одложените избори. По неуспешниот состанок нема договор кога повторно би седнале на заедничка маса кај шефот на државата Пендаровски.