Македонија
29. May 2019 - 19:24

Власта и опозицијата се уште заглавени околу статусот на СЈО

Не се реализираа очекувањата на власта за постигнување договор со опозицијата за СЈО до објавување на извештајот за напредокот на земјата.. Сега од министерството за правда се надеваат дека несогласувањата ќе се премостат пред одредување на датум за преговори со Европската унија. До тогаш, Министерката Дескоска вели дека за прифаќање на законот се разговара и со пратениците за обезбедување двотретинско мнозинство..

Од преговарачакиот тим на опозцијата велат дека засега немаат покана за нова редба.. Сметаат дека е неопходно законот да биде прифатен од поголемиот број парламентарни партии..

ВМРО-ДПМНЕ стои на ставот дека е важно донесувањето на овој закон со поширок партиски консензус, но исто така и врз основа на стандардите и судската пракса од Советот на Европа во Стразбур, вели за Сител, пратеникот Антонио МИлошоски.

Преговорите за статусот на Специјалното јавно обвинителство се во мирување повеќе од еден месец.. За деблокада на процесот беше најавена и лидерска средба.. Најголеми несогласувања меѓу двете страни има за предметите кои СЈО ги отвори по 30 јуни 2017-та,