Македонија
26. February 2020 - 17:04

Власта и опозицијата со различни ставови по вчерашниот протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ

Од масовен протест кој покажа дека граѓаните одлучно кажале „не“ за обидите на Зоран Заев за себе аменстирање на криминалите преку законот за обивнителство  до тоа дека маршот против неправдата е всушнот марш на Мицкоски против овој закон кој ќе значи справување со крминалот на неговиот претходник Груевски.

Власта и опозицијата разбирливо, со различни оценки за протесниот марш на ВМРО-ДПМНЕ против неправдата.

Од опозициската партија велат дека по синоќешниот протест СДСМ и Заев повеќе не треба да го отежнуваат нивното заминување и да не застануваат пред патот на волјата на народот.  Ги повторија своите барања кои според нив ќе ги донесат правото и правдата во државата.

„Првиот чекор кон тоа е покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на Зоран Заев кој постојано се меша во обвинителски и судски постапки, и одлуки на Врховниот суд. Тоа ќе го направат обвинители во кои ќе има доверба експертската јавност како гаранција за непристрасност и независност. Второ, итна и неодложна ревизија на работата на Врховните судии без исклучок и ревизија на нивните одлуки. Таму каде што има неправилности ќе има оставки и одговорност пред законите. Трето, итна реформа на Советот за реформи во правосудството со меѓународна експертска помош, затоа што таму кај што Заев замешал прсти, таму нема правда, а нема ниту чесни намери“ - изјави Орце Ѓоргиевски.

Од власта пак, коментираат дека откако на Мицкоски не му успеле блокадите во Собранието за законот за обивнителство, тој со своите послушници синоќа марширал приотив одговорност за криминалите и против независно судство.

„ВМРО ДПМНЕ со одбрана на мафијата не може да донесе правда, со заштита на Груевски не може да донесе правна држава, а со обидите да се уништат предметите на СЈО не може да донесе владеење на правото. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е водено од обвинетите Антонио Милошоски, Илија Димовски, Игор Јанушев, Цветан Трипуновски и нивните шефови Груевски и Мицкоски. Тие се симбол на неправда и криминал и не можат да се борат за правда. Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција. Не, тие треба да одговараат и ќе одговараат пред правдата“ - изјави Снежана Ванчева Калеска.

СДСМ пак, пред десетина дена, веднаш по донесувањето на Законот за јавно обвинителство, организираше свој марш за правда. Протестите на опозцијата и власта се одржуваат по распуштањето на парламентот за вонредните избори на 12 април, но пред официјалниот почеток на кампањата.